Напаѓачот на Атлетико Мадрид (се уште) Антоан Гризман продолжува да ја држи во неизвесност
фудбалската јавност во врска со неговата иднина. Според каталонскиот весник „Спорт“,
францускиот стрелец „флертува“ со Пари Сен Жермен. Негативната реакција на играчите од
Барселона влијаела на играчот и сега се чини дека тој е поблиску до „Парк де Пренс“, продолжува
изданието од Барселона.

Гризман вчера рече дека знае каде ќе игра следната сезона, иако тој само неколку дена порано
одговори на сосема поинаков начин: „Се уште не знам каде ќе играм “. Од 1-ви јули, клаузулата на
стрелецот паѓа од 200 до 120 милиони евра, а потоа се очекува и разврска. Пред една година, Барса
се „изгоре“ со Гризман, кој се повлече од усниот договор и одлучи да остане на „Ванда
Метрополитано“.
Во последните недели во Каталонија, се дискутираат варијанти во случај опцијата „Гризман“ да
отпадне: за Родриго, Маркус Рашфорд, па дури и Нејмар.