Авторитетниот „Бизнис инсајдер“ направи рангирање на највредните играчи во светот.

Прв е францускиот репрезентативец Килијан Мбапе, кој се проценува на 229 милиони евра. Втор во
ранг листата е неговиот соиграч во ПСЖ Нејмар, кој, според изданието, чини 206 милиони.
Третото место е за ѕвездата на Барселона, Лионел Меси, проценет на 183 милиони Кристијано
Роналдо од Јувентус е само 19-ти од вкупно 21 играчи. Неговата цена е 103 милиони евра.
Во последната сезона во француската Лига 1, Мбапе постигна 39 гола и 17 асистенции на 43
натпревари на сите турнири. Неговиот договор со ПСЖ е до летото 2023 година.