Градските власти на Вашингтон соопштија дека за време на „Парадата на гордоста“ е предизвикана паника со тврдењето дека некој испукал куршум.

Паниката ги натерала луѓето масовно да се разбегаат, при што се повредени неколкумина, а седуммина се во болница.
Еден човек е приведен за поседување оружје, но во текот на парадата немало пукање, вели полицијата.
На „Парадата на гордоста“ во саботата во Вашингтон се собраа илјадници луѓе.