Излезе најстрашниот хорор филм поради кој луѓето повраќаат од страв

од desk2
257 прегледи

Социјалните мрежи не престануваат да зборуваат за новото остварување на “Netflix”. Филмот “The Perfection” ја следи приказната на две млади жени, а сцените кои се прикажуваат им предизвикуваат на гледачите дури и физичка болка.

 

Бубачки кои лазат под кожата, повраќање и крв – сите вакви кадри се испреплетуваат и лесно можат да го вознемират гледачот. Некои луѓе се жалат и дека филмот може да ви создаде главоболка, а иако се зборува дека приказната е “болна”, критиките за истата се одлични.

Во главната улога се наоѓаат Логан Браунинг како младата перспективна музичарка Лизи и Алисон Вилијамс како талентирана уметница која се откажала од своите соништа. Кога Лизи необјасниво станува болна сред возење во автобус, работите тргнуваат по неверојатен пат бидејќи е присилена да си ја отсече раката. Освен морничавата приказна, филмот кој може да се погледне на “Netflix” изобилува со мноштво страшни сцени кои ги шокирале гледачите.

Корисниците на Твитер не го криеле своето воодушевување:

“Само што го гледав “The Perfection”. Филмот е апсолутно неверојатен. Болен и изопачен. Нѝ требаат повеќе вакви филмови”, напишал еден гледач.

“Дали го погледнавте “The Perfection” на “Netflix”? Бидејќи мене ми се гади”, се пожалила друга корисничка. Освен мачнини, луѓето се жалеле и на главоболки па дури и вртоглавици.

“Не се припремив добро за овој крај. Лудо возење од почетокот до крајот, исполнето со црн хумор, терор, дури во еден момент викав на екранот. Едвај чекам повторно да го погледнам”, напишал еден корисник.

“The Perfection” е во режија на Ричард Шепард, а често се споредува со психолошкиот трилер “Black Swan” во кој глумат Натали Портман и Мила Кунис во кои се покажуваат мрачните страни на балетот.

Погледнете го трејлерот:

Слични содржини