Ако сакате малку да експериментирате со храната, тогаш овој рецепт е создаден за вас.
СОСТОЈКИ:
500 гр пилешки гради
500 гр свеж или конзервиран ананас
1 главица кромид
1 пиперка
2 чешниња лук
лута пиперка
соја сос
сусам
масло
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Исечкајте го пилешкото на коцки, и пропржете го на загреано масло од сите страни. Ако користите свеж ананас, исечкајте го на коцки, дедека конзервираниот би требало прво да го исечкате, а потоа да го исцедите.
Во тавата со пилешко додајте коцки ананас, ситно сечкан кромид и лук и пиперка исечкана на ленти. Обилно залијте со соја сос, околу 200 мл, намалете го огнот и оставете да крчка десетина минути.
Зачинете со малку лута пиперка, по потреба, додајте малку вода или сок од ананас од конзерва, ако ви се чини дека течноста пребрзо испарува.
Кога сосот убаво ќе крчка, сервирајте со варен бел ориз и посипете со сусам.
Добар апетит!/ Готви.мк