На државниот секретар во министерството за информатичко општество Јахи Јахија, одреден му е 30 дневен притвор, поради опасност од бегство и повторување на делото. Тој е обвинет дека наместил тендер вреден 1,1 милион евра.

Доверливи тендерски информации државниот секретар во министерството за информатичко општество Јахи Јахја ги наплатил речиси 38 000 евра. Пред да биде доделен ИПА проект вреден 1,2 милиони евра Јахја и уште една колешка – раководителка, детално ги информирале заинтересираните фирми кои потоа го добиле тендерот, велат од обвинителството.
„Постапувајќи по предлог на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, судија на претходна постапка на Основниот кривичен суд во Скопје, го уважи предлогот на Обвнителството и му определи 30 дневен притвор на осомничениот Ј. Ј. вработен во МИОА, по член 165, став 1 и 3 од Законот за кривичната постапка“, велат од Кривичниот суд
Инаку, Јахи Јахија е кадар на ДУИ. Според информациите на обвинителството, тој веќе бил осудуван. Во 2005 бил гонет за злоупотреба на избирачкото право и осуден на парична казна. Раководителката која земала мито од 2500 евра, моментално не е во земјава./24 Вести