Фотографот кој беше уапсен заради влез во куќата на Кендал Џеннер, беше депортиран назад во Канада.
Случајот беше отворен во октомври минатата година, кога Џон Форд беше притворен за обид да влезе по четврти пат кај Џенер. Моделот потоа побара рестриктивен налог против фотографот. Штом беше даден залог од 20.000 долари, тој беше ослободен и се обиде повторно да влезе кај моделот дома, додека таа беше внатре.
Чуварот се справи со сторителот и Форд повторно беше уапсен поради кршење на наредбата за ограничување на движење. Тогаш Џенер ги обвини медиумите дека не само што објавуваат каде оди и што прави, туку и таму каде што живее, помагајќи им на луѓето како Форд да ја малтретираат. “Знам дека славата доаѓа со некои негативи, но кога ќе ја дадете мојата точна адреса, ми го ставате животот во ризик. Бидете засрамени. ”
Фотографот беше осуден на 180 дена во затвор. Откако отслужи само половина, тој беше ослободен во февруари оваа година.

Фото: Ројтерс
Кендал Џенер може сега да спие мирно бидејќи Форд е депортиран назад во Канада. Причината е неговата истечена виза. Тој влезе во САД пред една година со виза што му дозволи да остане во земјата не повеќе од шест месеци. Бидејќи фотографот не го обновил документот, тој мора да биде депортиран.

Фото: Ројтерс
Во изјавата за TMZ, кланот Kardashian-Jenner ѝ се заблагодари на полицијата во Лос Анџелес за работата што ја завршиле. “Акциите на овој човек имаа негативен ефект не само врз животот на Кендал, туку и врз целото семејство. Ние не се чувствувавме удобно и се плашевме за нашата безбедност. Се чувствуваме добро кога знаеме дека оваа личност е далеку од нас “.