Димитров: Сите го поздравуваат договорот од Преспа, ЕУ ќе си го одржи зборот за преговорите

од Vladimir Zorba
122 прегледи

Како дел од пошироката јавна презентација на работата на Владата во изминативе две години, замениците на претседателот на Владата, Бујар Османи и Радмила Шекеринска, заедно со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, беа дел од емисијата „Патот кон“, на Алсат-М телевизија.

МНР Димитров, посочи дека Европската Унија се наоѓа во ситуација да си го одржи својот збор за старт на преговорите со Република Северна Македонија.

„Не постои земја, државник, Министер за надворешни работи кој не го поздравува Договорот од Преспа, но и очигледниот напредок на земјава на сите полиња, и со оглед на содржината на Извештајот на Европската Комисија, Европската Унија и практично се наоѓа во ситуација да си го одржи својот збор за старт на преговорите со Република Северна Македонија“, истакна Димитров.

Шекеринска пак потенцираше дека земјава не направи ниту една грешка, и не остави ниту еден аргумент на скептиците.

„Треба да се гордееме што за отворањето преговори со РСМ има консензус, ниту еден европски политичар не најде оправдување за одлагање на преговорите со РСМ. Тоа е првата порака од Меркел и германските пратеници кои ни беа во посета“, истакна Шекеринска, посочувајќи дека слична скептична атмосфера имало и пред добивањето на поканата за НАТО а сега веќе имаме брз процес на ратификација – завршен во 17 земји членки за само 5 месеци.