Падна спортски авион кај Хвар, пилотот успеал да преживее

од desk2
159 прегледи

Кај Хвар падна спортски авион, пишува Јутарни лист, пренесува Еспресо.рс.

Пилотот, германски државјанин, е спасен, бидејќи наводно туристи кои во моментот на несреќата биле на јахта веднаш го пренесле во градот Хвар каде му е пружена лекарска помош.

Спортскиот авион паднал денеска околу 15 часот. Истрагата е во тек.