Фронтменот на Рамштајн ја скршил вилицата на обожавател

од Vladimir Zorba
141 прегледи

Фронтменот на Рамштајн Лилдман ја скршил вилицата на фан, објави Билд.

Инцидентот се случи во хотелски бар во Минхен, каде што пејачот уживал со пријатели по концертот. Фан му пришол на Линдеман и побарал да се слика со него. По одбивањето на вокалот, човекот почна да ја навредува девојката на музичарот, Лана.

Линдман побарал од обожавателот да ѝ се извини на жената, но тој одбил. Тогаш пејачот го удрил обожавателот во лицето и тој паднал на подот. Хотелскиот персонал ја повика полицијата.

Според прелиминарните податоци, обожавателот е дијагностициран со фрактура на вилицата. Линдеман се уште не прокоментира за инцидентот.