Атлетико Мадрид вади 50 милиони евра за Бруно Фернандеш

од Vlatko K
162 прегледи

Атлетико Мадрид напорно работи на изборот за новата сезона. Клубот се раздели со играчи од
калибар на Диего Годин, Хуанфран и Лукас, а на излезот е и Антоан Гризман.

Поради оваа причина Диего Симеоне се надева на „Ванда Метрополитано“ да пристигнат
квалитетни нови засилувања, а еден од посакуваните играчи е халфот на Спортинг (Лисабон), Бруно
Фернандеш.

„Јорганџиите“ сакаат да ја надминат конкуренцијата за неговиот потпис и веќе упатиле понуда во
вредност од 50 милиони евра плус дополнителни бонуси.

Фернандеш е еден од најпосакуваните играчи ова лето. Интерес кон него има од страна на еден куп
европски гиганти, меѓу кои ПСЖ, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Милан и Јувентус.
Токму тоа е и главната причина од Атлетико Мадрид да брзаат да го финализираат трансферот,
пред некој друг да ги претекне.

24-годишниот Фернандеш имаше убиствена сезона во дресот на лисабонскиот тим. Тој истакна 32
гола и направи 18 асистенции во 53 натпревари во сите натпреварувања за Спортинг.