Манчестер Сити веќе има солидна предност во борбата за младата ѕвезда на Бенфика и
португалскиот фудбал Жоао Феликс, објави „Дејли мејл“.

„Граѓаните“ се подготвени да ги откупат правата на младиот португалски репрезентативец, но
истовремено потоа да го остават да игра како позајмен во составот на „Лисабонските орли“ за
целата наредна сезона, што практично го прави тимот фаворит за неговиот потпис.
19-годишниот Феликс се смета за една од големите ѕвезди на светскиот фудбал и интересот за
негово привлекување е голем.
Тој е посакуван и од Манчестер Јунајтед, Атлетико Мадрид, Реал Мадрид и голем број други
клубови.
Момчето има клаузула за ослободување во договорот во износ од 105 милиони фунти.