Официјално: Ентони Дејвис ќе игра со Леброн во Лејкерси

од Vlatko K
127 прегледи

Една од најголемите зделки во модерната историја на НБА е веќе факт – Ентони Дејвис ќе заигра со
суперѕвездата Леброн Џејмс во Лос Анџелес Лејкерс од следната сезона во НБА. Најавторитетните
изданија во САД информираа за остварен „трејд“ меѓу „езерџиите“ и Њу Орлеанс Пеликанс, меѓу
кои „ESPN“, „USA Today“ и спортската редакција на „Асошиејтед Прес“.


Лејкерс ќе располагаат со еден од најимпресивните тандеми во кошарката во лицето на Леброн и
Дејвис, а во замена „пеликаните“ ќе ги добијат Лонзо Бол, Брендан Инграм, Џош Харт и три први
избори од Драфтот, вклучувајќи оној за број 4, кој ќе се одржи во четврток. Ова е сериозна цена за
правата на Дејвис, кој во секој случај би бил слободен агент во 2020 година. „ESPN“ забележува
дека компензацијата за Пеликанс е една од најголемите во историјата на Лигата.

Бостон Селтикс до последно беа во борбата за потписот на Дејвис, но нивната неподготвеност да
го вклучат во договорот за размена Џејсон Тејтум, ја навалија скалата во корист на „езерџиите“, кои
пак успеаја даго задржат Кајл Кузма. Во јануари Ентони Дејвис настојуваше за трансфер во Лејкерс
и медиумите ја поттикна дополнително ситуацијата која стана нешто како скандал во НБА.

Тогашниот шеф на кошаркарските операции во Лејкерс, Меџик Џонсон не успеа да ја оствари
размената, иако ги понуди сите свои млади таленти на „пеликаните“, вклучувајќи и Кузма.

Сега, Џонсон им честиташе на највлијателните фигури во Лејкерси за договорот, Роб Пелинка и
Џини Буш, иако официјалната размена не може да се случи пред 6 јули.

Букмејкерите во САД моментално ги зголемија шансите на Лос Анџелес Лејкерс да ја освојат
титулата во НБА наредната сезона. Според медиумите во Америка следната голема цел на
„езерџиите“ е Кемба Вокер, а тимот се уште може да си дозволи да плати 30 милиони долари плата
на евентуалната нова ѕвезда