Заeв: Реконструкција на Владата ќе има, превремени парламентарни – нема

од desk2
116 прегледи

Премиерот Зоран Заев по Централниот одбор на партијата во Охрид, изјави дека ќе има реконструкција на Владата, а нема да има предвремени избори.

Заев вели дека ова е за заокружување на евроинтеграциската иднина на нашата земја.

Рече дека промените треба да завршат и Владата со целиот свој капацитет да ги реализира реформите.

Избран е извршен одбор, организационен секретар, директор на центарот за истражување и аналитики. Премиерот рече дека од 16 членови на извршен одбор, девет се жени.

Душко Васковски, директорот на „Водовод и канализација“ е новиот организациски секретар на СДСМ. Тој доаѓа на местото на Миле Зечевиќ. Дане Талески, советникот на премиерот и лидер на партијата Зоран Заев, останува секретар за меѓународна соработка на СДСМ. Ова се првите одлуки на вечерашната седница на Централниот одбор на СДСМ во Охрид.

Рената Дескоска, Драган Тевдовски, Фросина Ременски, Петре Шилегов, Стефан Богоев, Костадин Костадинов, Татјана Стојановска Иванова, Салија Љатиф Петрушовска со уште осум нови имиња ќе бидат членови на новиот Извршен одбор на СДСМ.

Заев во изјава за медиумите рече и дека Бундестагот ќе ја направи ратификацијата на извештајот на Европската комисија во септември и дека во октомври се очекува Северна Македонија да добие датум за преговори.

„Без разлика дали ќе добиеме датум во јуни или во октомври, во декември ќе имаме заедничка седница со ЕУ на која ќе бидат отворени поглавјата 20 и 24. Два или три месеци не се важни, туку важно е да биде донесена одлуката“, рече Заев.