Советот за безбедност на Русија предупреди дека излезот на САД од Договорот за ракетни напади со среден дострел и  ракетниот штит може да доведе до враќање на конфронтацијата меѓу силите , објави “Интерфакс”.

Русија, исто така се вооружува со 30 нови интерконтинентални балистички ракети Работиме на производство на нов ракетен систем “Сармат”, посочуваат руски воени извори.

Заменик-секретарот на Советот за безбедност, Александар Венедитков, ги повика САД да започнат разговори со Русија за продолжување на договорот за Нов СТАРТ  (Стратешко нуклеарно оружје), кој истекува на почетокот од 2021 година.

Американски изври тврдат дека всушност Русија е таа која прва го прекршила договорот, а однесувањето на САД е само реципроцитет на руските прповокации.

Договорот за ракетниот штит на среден и краток опсег беше склучен во 1987 година помеѓу тогашниот американски претседател Роналд Реган и советскиот гувернер Михаил Горбачов. 

Откако САД го објавија своето повлекување од договорот на 2 февруари, Русија одговори реципрочно , исто така изјавувајќи дека престанува да ги почитува своите клаузули.