Национална конференција „Никој не е изоставен во процесот на ЕУ-интеграциите“

од Марта Пешевска
124 прегледи

Националната конференција „Иницијатива за социјална димензија” (SDI) за Западен Балкан на тема „Никој не е изоставен во процесот на ЕУ-интеграциите” ќе се одржи денеска во Скопје.

На конференцијата ќе се обратат министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, претседавачот на Федералниот одбор на АСБ, Кнут Фленкенштајн, раководителката на операција II-делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија, Вирве Вимпари, амбасадорот на Германија во Република Северна Македонија, Томас Норберт Герберих, постојаната координаторка на Организацијата на Обединети нации во земјата Росана Дуџак, регионалниот директор за Југоисточна Европа – АСБ Елмир Бојаџиќ и извршниот директор на Здружение Отворена порта – Ла страда Јасмина Д. Рајковска.