На принцот Хари му се допаѓа Џенифер Анистон

од Vladimir Zorba
167 прегледи

Принцот Хари бил заљубен во Џенифер Анистон пред да се фати со Меган Маркел. Ова го тврди британскиот новинар, блогер и биограф Јан Халперин. Во својата нова книга посветена на актерката, тој открива зачинети детали за нејзиниот живот.

Авторот истакнува дека на помладиот син на починатата дама Дијана му се допаѓала Анистон со години. Тој постојано споделувал со пријателите дека е многу убава и дефинитивно ги има квалитетите на принцеза.

Според Халперин, Хари имал само 24 години кога почнал да бара контакт со актерката која станала позната по нејзиното учество во “Пријатели”. Во 2009 година, тој дури го нашол нејзиниот телефонски број, а потоа заѕвонел без никакви грижи, бидејќи таа веќе била разделена со Бред Пит.

Таа наводно го одбила поради разликата во возраста.

Иан Халперин подготвува и биографски филм за холивудската ѕвезда, која неодамна наполни 50. Не е јасно дали во него ќе влезе и историјата со Војводата од Сасекс, кој веќе е оженет и има едно дете.

Портпаролот на Џенифер Анистон ги негираше тврдењата за принцот Хари и актерката. Но, новинарот е категоричен дека сè што го напишал во книгата не е измислено.