133
Вкусен и ароматичен компир со лимон и рузмарин.
СОСТОЈКИ:
2 лажици маслиново масло
малку путер
200 гр млади компири
2 гранчиња свеж рузмарин
2 чешниња лук
1 исцеден лимон
сол
мелен црн бибер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во длабока тава загрејте масло и додајте путер да се растопи. Додајте компири и пржете ги пет минути. Додајте рузмарин и лук. Сите состојки добро пропржете ги и свртете ги повремено за смесата да не загори.
Преку младите компирчиња исцедете лимон, додајте сол и свежо мелен бибер.
Добар апетит!