Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе изјави дека претпочита да ја освои Лигата на
шампионите пред „Златната топка“.

На прашањето од „ESPN“ кое од двете тој би одбрал, тој одговорил: „Најважно е да ја освоиме
Лигата на шампионите затоа што може да ја освоиш „Златната топка“ и да останеш надвор од
историјата. Играте со 10 играчи, а не сами. Ако беше тенис, би ја одбрал „Златната топка“ затоа што
играш сам. Фудбалот е тимски спорт и мислам дека ако сакате да ја освоите „Златна топка“, мора
да ја освоите Лигата на шампионите. Сега не можете да ја освоите „Златната топка“ без Лигата на
шампионите. Тоа е толку важно во очите на светот. Сакам да ја освојам првата ЛШ. Ако ја земам
„Златната топка“, добро, но мојата цел е пред тоа да триумфирам во Лигата на шампионите“, вели
Французинот.
„Не сакам да бидам најдобар од сите времиња. Сакам да бидам горд и да дадам се од себе. Давам
се од себе за да имам успех и да освојам колективни и индивидуални трофеи. Она што сакам, е да
направам се. Мој најомилен играч во историјата? Тешко е да се одговори, затоа што денешниот
фудбал е различен од пред 20 години. Јас би рекол Пеле, но тој играл во 1950-тите. Од
посовремените би рекол Кристијано Роналдо, Лионел Меси, Диего Марадона и Зинедин Зидан. Има
многу играчи и тешко е да се избере еден, бидејќи кога ќе го направите тоа, ќе заборавите за секој
играч кој имал одлична кариера. Кристијано, Меси, Зидан, Роналдињо – ова се имињата на
современиот фудбал кои правеле историја и кои никогаш нема да бидат заборавени“, додаде
Мбапе.