Претседателот на Наполи: Му посакувам на Сари ништо да не освои со Јувентус

од Vlatko K
140 прегледи

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис му посака на новиот тренер на Јувентус,
Маурицио Сари да не успее да освои ништо на чело на „бјанконерите“. Уште пред година шефот на
тимот од Неапол се изрази критички за начинот на кој Сари го напушти клубот за да го преземе
Челзи. Сега шефот нагласува дека времето покажало дека е во право.


„Маурицио е добар тренер. Сум видел многу од него. Не сум изненаден од неговата одлука, бидејќи
во фудбалот веќе нема симболи. Тој не освои ништо тука и можеби нема да освои ништо и во
Торино. Можам само да му го посакам токму тоа, бидејќи тој веќе е наш ривал. За мене слободата е
важна, па ја почитувам неговата одлука. Луѓето можат да прават што сакаат, но треба да ја
преземат својата одговорност. Никогаш не сум верувал во безусловна љубов на Сари кон Наполи.

Времето покажа дека сум бил во право“, вели филмскиот продуцент и сопственик на Наполи.

„Тој работеше 15 часа на ден и само размислуваше за тоа што ќе се случи на теренот. Немаше
време за човечки односи, особено на работното место. Мислам дека три години во Наполи тој
никогаш не бил на вечера со своите играчи. Сари прави сѐ што може за да им се допадне на
навивачите, тој е човек на трибините. Анчелоти е бизнисмен, граѓанин на светот. Маурицио има
потреба од време и неговиот клуб треба да му го даде, но ќе биде забавно кога Анчелоти ќе го
победи на теренот“, прокоментира ексцентричниот претседател на Наполи.