Де Хеа ќе добие повеќе пари и ќе остане во Јунајтед

од Vlatko K
202 прегледи

Голманот на Манчестер Јунајтед и Шпанија, Давид де Хеа најверојатно ќе остане во клубот и
причината е повеќе од јасна – имено повисока плата, пишува „Sun“.


„Шефовите на Манчестер Јунајтед ќе направат се што можат да го задржат голманот во клубот со
нов договор со неделна плата од 350.000 фунти, и ако Давид се согласи, договорот ќе биде
потпишан за четири години. Единствена подобра понуда, од финансиска гледна точка, може да
дојде од француски Пари Сен Жермен“, пишува весникот.

Договорот на голманот со Јунајтед е до летото 2020 година, со кој добива 200,000 фунти неделно.
Минатата сезона, Де Хеа забележа 48 натпревари со тимот на „црвените ѓаволи“, а во 5 од нив не
дозволи гол во својата мрежа.