Повторно  пожар во регионот на Лагонизи, Атика, во областа околу главниот град на Грција , информираат локалните медиуми.

 

 

Службата за противпожарна заштита во земјата информира дека нема опасност за населението и домовите на луѓето во близина на пожарот.

Пожарот се случил по запалена  сува трева .

Околу 30 пожарникари со над 10 противпожарни камиони се мобилизирани на теренот. Авион и хеликоптер, исто така, помагаат да се локализира пожарот..

Потсетуваме дека  минатата 2018 година Грција имаше ужасни шумски пожари . Околу 100 лица загинаа во пожарот. Многу домови беа запалени. Најтешките пожари беа во Атика. Тешки пожари се случија и на островите Крит и Закинтос.

Малку подоцна , министерот за јавен ред Никос Тоскас поднесе оставка поради пожарите во Атика.

По него, на 6-ти август, шефот на Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Грција, Јанис Капакис, исто така поднесе оставка .