Бенитез се збогува со Њукасл

од Vlatko K
150 прегледи

Човекот кој постигна вистински чуда на чело на Њукасл – Рафаел Бенитез, конечно решил да стави
крај на авантурата во Северна Англија. По неговата последна средба со сопственикот Мајк Ешли,
Шпанецот објави дека нема да го обнови договорот.

Освојувачот на Лигата на шампионите со Ливерпул е поврзан со „страчките“ до 30-ти јуни. Тој доби
многу пари од неименуван кинески клуб и конечно реши да го прифати предлогот.

Сепак, Бенитез сакаше да му даде шанса на Њукасл, надевајќи се дека шефот Ешли ќе ги продаде
своите акции на заинтересираните арапски инвеститори. Сопственикот на „Sports Direct“, сепак,
одбива да го стори тоа, и ова доведе до заминување на Бентез.

Стручњакот беше во постојана војна со претседателот, кој и покрај огромните приходи од
телевизиските права, така и не одвои сериозни трансфер суми за нови засилувања. И покрај тоа,
Бенитез успеа да го задржи местото на „црно-белите“ во Премиер лигата во последните две сезони,
а пред тоа ги врати таму по сезона во Чемпионшип дивизијата.