Очигледно Холивуд се преселил во Франција оваа недела. Во градот на љубовта секој момент се очекува да се одржи втората свадба на Џо Џонас и Софи Тарнер. Актерката од “Игра на престоли” и музичарот се венчаа веќе на спонтана церемонија во Вегас порано во текот на годината, но сега сакаат да го повторат настанот со сите свои пријатели и роднини.

Некои од нив се веќе во Париз. Папараци успеаја да ги фатат Пријанка Чопра-Џонас и Ник Џонас, кои беа едни од првите кои пристигнаа на свадбата. Помладиот брат на Џо, исто така, е оженет, а заедно со Пријанка продолжуваат да ја покажуваат својата љубов во социјалните мрежи и на настани.

https://www.instagram.com/p/BzExgMeAgqC/

Добриот пријател на Џо Вилмер Валдерама, исто така, беше забележан во Париз. Тој и неговата нова девојка, Аманда Пачеко, беа уловени заедно со невестата и младоженецот на улиците на градот.

https://www.instagram.com/p/BzEnaRmlywK/

https://www.instagram.com/p/BzE-zOeFsKu/

Џо и Софи споделија самите снимки на Инстаграм, покажувајќи нежна блискост пред Ајфеловата кула. Тие не престануваат да се поддржуваат еден со друг и да зборуваат еден за  друг во интервјуата. Неодамна, Џо рече дека Софи била заслужна за тој да се смири со своите браќа и да почне да снима нови песни. Од своја страна, Џо ѝ помогна на неговата сопруга да се справи со тежината на славата по успехот на “Игра на тронови”.