Обама гости на Клуни во Италија

од Vladimir Zorba
139 прегледи

Барак и Мишел Обама се на одмор во Европа и моментално се во Италија кај Џорџ и Амал Клуни. Двете семејства престојуваат во вилата на езерото Комо.

Локалните власти презедоа многу сериозни безбедносни мерки и ги отсекоа во периметар широк од 300 метри, со забрана да влезат цивили. Преминувањето ќе чини 500 евра. Забраната исто така важи и за чамци кои се обидуваат да влезат во вилата.

Целото семејство на Обама пристигна во вилата на Клуни. Посетата е дел од европскиот одмор, кој вклучуваше и посета на Франција. Посетата на поранешното прво американско семејство предизвика вистинска восјка од папараци преку ноќ пред вилата за да може да снимат барем една слика од гостите.

Вилата на Џорџ и Амал Клуни. Фото: Ројтерс

Дел од посетата на семејството на Обама е хуманитарна вечера за финансирање на фондацијата Амал и Џорџ Клуни, која се бори за човековите права.