Австралискиот актер Расел Кроу купил од Лео ди Каприо череп на диносаурус за 35 илјади долари, соопштува CNN.
“Јас го купив за моите деца. Ова се случи во домот на Леонардо. Пиевме, јас се подопуштив и почнавме разговор, и тој ми рече: “Знаеш дека има уште една глава, која сакам да ја купам, затоа сакам да ја продадам оваа”, на што јас му одговорив: “Добро, тогаш јас ја купувам. Колку сакаш? “Тогаш платив или 30, или 35 илјади долари”, раскажа актерот пред водителот на шоуто SiriusXM Хауард Стерн.
“Гладијаторот” дури и не се сеќава на името на диносаурус, но во 2018 година го продал черепот на аукција на “Сотби” во Австралија. Ова се случило за време на неговиот развод со поранешната сопруга. Тогаш Расел дознал дека черепот припаѓа на мозозавер, кој живеел на Земјата пред 65 милиони години.
“Мислам дека го купив многу евтино”, додаде Кроу.