Јанис избран за МВП за сезоната 2018/2019 во НБА (ВИДЕО)

од Vlatko K
127 прегледи

Грчкиот играч Јанис Антекокумбо беше избран за најкорисен играч (МВП) во регуларната сезона на
НБА. 24-годишниот играч на Милвоки Бакс беше претпочитан пред Џејмс Харден од Хјустон Рокетс
и Пол Џорџ од Оклахома Сити.


Антекокумбо ја доби наградата за прв пат во својата кариера. Тој е само втор Европеец по Дирк
Новицки и четвртиот странец кој е избран за најкорисен играч во регуларната сезона. Наградата ја
освоија и Хаким Олајџон (Нигерија) и Стив Неш(Канада).

Антекокумбо, од нигериско потекло, е втор играч на Милвоки со ова признание. За последно,
легендата Карим Абдул-Џабар беше награден во 1970-71, 1971-72 и 1973-74 година.

Во текот на сезоната, грчкото чудо забележа просечно 27,7 поени, 12,5 скока и 5,9 асистенции во
просек по натпревар. Со успешен шут од 57,8%, тој постави рекорд за франшизата Милвоки.

Со Антекокумбо во составот Милвоки беше тимот со најдобри показатели во регуларната сезона.
„Елените“ завршија со 60 победи во 82 натпревари, а во плеј-офот тимот загуби во финалето во
Источната конференција од шампионот Торонто.

Антекокумбо е едвај дванаесетти натпреварувач во НБА кој ја освојува наградата пред да наполни
25 години.

Европското присуство во наградите на НБА продолжи со изборот на Словенецот Лука Дончиќ за
дебитант на сезоната и Французинот Руди Гобер за најдобар дефанзивец.

Лу Вилијамс од Лос Анџелес Клиперс пак доби по рекорден трет пат наградата за најдобар шести
играч.