Менувањето на Тевдовски е само заради моја вклученост, а не негово потфрлање

од desk4
164 прегледи

 

Тевдовски добро си ја вршеше работата, но сега на ред е една економска лекција во која јас морам да бидам вклучен изјави  вечерва во интервју за ТВ  Сител премиерoт Зоран Заев.

Клучно е моето влегување, а не работењето на Тевдовски, не е  дека сум незадоволен . ЈАС влегувам во последната фаза само во конечните реализација на програмските определби. Следуваат доста решителни и храбри чекори и јас треба да ги носам тие одлуки. Ќе имаме и поголеми плати и пензии и конечно да се почувствуваат економските политики  на нашата програма. Оваа година ја прогласивме за економска година.

Октомври е почеток на преговори конечно по 15 години , доаѓаат убави времиња за Македонија, треба максимални се да искористиме и затоа влегувам со својот кредибилитет за да одржиме економска лекција, порача вечерва премиерот Зоран Заев