Јане Велковски го доби лекот „Спинраза”

од Vladimir Zorba
231 прегледи

Јане Велковски ќе го добие потребниот лек спинраза што ќе му ја подобри здравствената состојба и ќе овозможи подобар живот. Овој лек, исто така дава надеж дека Јане повторно ќе може да оди.

Покрај за Јане, овој лек е обезбеден за уште седум деца. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека лекот е од новата генерација лекови за спинална мускулна дистрофија и ќе го добијат луѓето со оваа состојба на кои им потребен.

Јане скоро ќе наполни 11 години, храбро се соочува со својата состојба и решително се бори за сопствената подобра иднина. Со примање на лекот може да се реализира и неговиот сон да стане фудбалер.

Инаку тој стана популарен кога за прв пат се појави како придружба на репрезентацијата на Македонија на квалификацискиот натпревар против Шпанија во јуни.

УЕФА пак промовираше видео спот од проектот „Equal game“, кој започнува токму со Јане, откако тој веќе подолго време е заштитен знак на Европската фудбалска централа.

Во спотот, освен Јане се појавуваат и светски фудабалски ѕвезди како Роналдо, Меси и Погба. Видеото започнува со гласот на Јане кој е голман, на неговото маалско игралиште во населбата Хром, со маалските другари.

Слични содржини