Американската пејачка Ријана додаде полнички кукли со нестандардна големина за нејзината компаниска продавница, објави “Метро”.
Пејачката одлучила да ja прикаже својата нова колекција во бутик во Њујорк со помош на кукли со димензии plus-size. Тие се разликуваат од стандардните со зголемените пропорции: колковите и градите им се значително поволуменски.
Според информациите на весникот, Ријана сакала да создаде во модниот бренд изглед кој одговара на жени со различни типови фигури. Таа се инспирирала за тоа од сопственото тело, и како што раскажала пејачката, во моментов таа де се дебелее, де слабее.
Нејзините фанови на социјалната мрежа ја пофалија нејзината кампања за прикажување на “реалистични тела”.
“Fenty куклите имаат облини и бутови. Јас ја сакам Ријана “, пишува еден од нејзините следбеници на Твитер.
“Ријана прави нешто феноменално, со што ние (црните жени) се чувствуваме важни”, објаснува друг. “Овие кукли покажуваат како вистинските црни жени изгледаат”, се согласила.
Фенти – не е првиот моден бренд со нестандардна манекенка. Претходно, ова беше направено од брендот Nike.
Освен оние кои ја пофалија и укажаа на разновидноста во човечкото тело и боди позитивизмот, се појавија и критичари кои сметаат дека ваквите кукли ги тераат луѓето да живеат нездраво.