(ВИДЕО) Шилегов брка непрописно паркирани таксисти кај Сити Мол: Малку ред нека има

од Даниел Ѓорѓиевски
204 прегледи

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов попладнево влезе во улога на сообраќаен полицаец и бркаше непрописно паркирани таксисти кај Сити Мол на улицата Љубљанска.

Шилегов дојде до својот автомобил, излезе и почна да им кажува на такситите да се тргнат, бидејќи такси станицата е поместена и веќе не се наоѓа таму. Град Скопје, при реконструкцијата на улицата, ја помести такси станицата подолу за да не се создава хаос пред влезот на паркингот на Сити Мол.

Додека траеше целата акција, Шилегов одеше во живо на својот Фејсбук профил и порача: Малку ред нема има.

ред нека има#Скопје#ЧекоПоЧекор

Posted by Петре Шилегов on Четврток, 27 јуни 2019

https://www.facebook.com/petreshilegov/videos/2925314001026512/

Слични содржини