Доделување на „Инженерски прстен“ на најдобрите дипломирани инженери

од Vladimir Zorba
355 прегледи

Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овлатени инженери, под покровителство на претседателот на Република Северна Македонија, вечер по 16-ти пат ќе го додели признанието „Инженерски прстен“ на најдобрите дипломирани инженери.

На доделувањето на признанието, што ќе се одржи во Музејот на современа уметност во Скопје, се најавени обраќање на претседател Стево Пендаровски, како и на претседателите на Инженерската институција на Македонија, проф. д-р Христина Спасевска и на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, проф. д-р Миле Димитровски.