Челзи ќе го објави Лампард за свој менаџер во следниве денови

од Vlatko K
144 прегледи

Челзи треба да го прогласи Френк Лампард за заменик на Маурицио Сари, кој го презеде Јувентус,
до петок следната недела, јавува „Сан“. Тогаш, „сините“ фудбалери на Лондон се враќаат на првиот
тренинг од предсезонската подготовка.


Менаџментот на Челзи доби дозвола да преговара со Лампард во вторникот, и се очекува дека
назначувањето ќе биде официјално објавено во наредните денови веднаш штом ќе бидат наведени
сите детали за компензацијата што треба да се плати на Дерби Каунти.

Поранешниот играч од средниот ред ќе потпише тригодишен договор вреден 16,5 милиони фунти.
Се очекува на „Стемфорд Бриџ“ да го следат неговите соработници од птабот на „овните“ – Џоди
Морис, Шеј Гивен и Крис Џонс, а кон нив веројатно ќе се приклучи Клод Макалеле.