Директорот на заводот за статистика, Апостол Симевски се надева дека пописот нема да го искористат политичките партии за свои цели. И дека сите политички субјекти ќе сфатат дека овој закон е најмалку во допир со политиката, дека овој закон е исклучително професионален.

„Пожелно е да се донесе што е можно побрзо, затоа што таму ни се дефинира буџетот а ние веќе треба да одиме со набавка на опрема. А мораме да бидеме и сигурни затоа што без закон не може да се одржи попис“, вели Симевски.
Пробниот попис заврши вчера. Заводот за статистика го оцени пилот пописот како успешен. Велат дека граѓаните соработувале, но имало и 30 лица кои одбиле да бидат попишани.
Инаку, во земјава 18 години населението не е преброено поради пропаднатиот попис во 2011 година.