Пита со праски и суво грозје (Видео)

од desk2
319 прегледи

Направете го овој десерт и уживајте во магијата од вкусови…

СОСТОЈКИ:
1/2 кг тенки кори
150 гр шеќер
1 кг праски
4 јајца
4 лажици гриз
150 гр суво грозје
50 мл масло
1/2 прашок за печиво
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Јајцата разматете ги со шеќер, додајте гриз со прашок за печиво, суво грозје, масло и сѐ добро изедначете.
Првата кора раширете ја на маса и малку намастете ја. Праските измијте ги, па излупете ги и исечкајте ги на парчиња.
Втората кора намачкајте ја со фил од јајца. Ставете трета кора и неа премачкајте ја со фил и на дното наредете излупени праски. Свиткајте ги краевите, па свиткајте во ролат.
Така направете и со останатите кори. Печете на 200 степени околу 50 минути.
Уживајте!/Gotvi mk

 

Слични содржини