(Видео) Маж со калашников влегол на избирачко место во Драч

од desk2
79 прегледи

53-годишен маж со калашников влегол на избирачко место во Драч, со цел да го попречи изборниот процес, пренесува Albeu.com.

Полицијата открива дека станува збор за лицето Рамиз Баканачи, кој со оружје влегол на избирачкото место, и се заканувал на комисијата и ги искршил гласачките кутии.

https://www.facebook.com/albeucom/videos/379316749608025/

Тој бил уапсен од страна на полициските сили.

Инаку во Албанија денеска се одржуваат локални избори, кои опозицијата ги бојкотира, а на гласачките ливчиња во повеќе општини има само еден кандидат и тоа од владеачката партија на Еди Рама.