Презентација на извештајот за човечките и административните капацитети на ДКСК

од Марта Пешевска
102 прегледи

Здружението на граѓани „Транспарентност Македонија“ денеска ќе го  презентира проектот, методологијата за мониторинг, како и целите кои што треба да се постигнат со проектот „Следење на работата, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на Државната комисија за спречување на корупцијата“.

На почетокот на Проектот, кој се спроведува во партнерство со Институт за човекови права, а со поддршка од Амбасадата на Велика Британија во Скопје, ќе биде презентиран и извештајот за состојбите со човечките и административните капацитети на ДКСК.