Куманово ќе одвои над 19,7 милиони денари за изградба на кружен тек

од Vlatko K
96 прегледи
 Заврши тендерот за избор на компанија за изградба на кружен тек во Куманово, информираа денеска од одделенито за јавни набавки. Над 19 милиони денари ќе одвои општината за изградба на кружниот тек на влезот на Куманово на крстосницата кај булеварот „Трета Македонска Ударна Бригада“ со улицата „11 Октомври“.
Кумановската фирма „Кооп инжинеринг“ го доби тендерот вреден 19. 757. 329 денари без вклучен данок на додадена вредност.
Претходно градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски информираше дека ќе се гради кружен тек на влезот во Куманово, со што градот ќе добие модерен, урбан изглед.
Како што тогаш информираше Димитриевски, ова ќе биде прво вакво сообраќајно решение, а наредната година ќе се реализираат дополнителни вакви проекти кои ќе придонесат кон решавање на сообраќајниот метеж во општината.
Избраната компанија изведувач на градежните работи има рок од три месеци да го изгради кружниот тек.