Eлтон Џон со писмо до Путин 

од Vladimir Zorba
109 прегледи
Отворено писмо до Владимир Путин напиша Сер Елтон Џон. Познатиот изведувач го критикуваше рускиот претседател за неговиот став кон геј заедницата во земјата.

“Категорично не можам да се согласам со вашето мислење дека спроведувањето на политиките кои го прифаќаат мултикултурализмот и сексуалната разновидност се архаични за нашите општества”, пишува тој. 

https://www.instagram.com/p/BzQ38cdD8Fj/?utm_source=ig_embed

 

Елтон Џон не го одобрува фактот дека руските власти “го цензорираа” неговиот биографски филм “Ракета” пред да се емитува. 

Пејачот вели дека е “длабоко вознемирен” од коментарите на Путин за хомосексуалците. 

Во интервју за The Financial Times, рускиот претседател вели дека секој може да живее како што сака, но додава: “Некои работи ни изгледаат премногу … Тие тврдат дека децата може да имаат пет или шест пола.” 

“Јас сум горд да живеам во дел од светот каде владите ни еволуираат до степен да го признаат универзалното човеково право да сакаме кого сакаме”, коментира Сер Елтон Џон и наведува дека е многу среќен од фактот е дека имал можност да склучи брак со своето момче. 

Во меѓувреме, познатиот пејач учествувал за последен пат на Монтре џез фестивалот. Од сцената на музичкиот настан, тој повика на толеранција и љубов кон различните. 

“До смрт ми е здодеано од омраза, расизам, хомофобија, изјави од луѓе кои тврдат дека се религиозни и блиски до Бог, но всушност се толку далеку од Бог. Треба да се сакаме, да се прифаќаме, дури и да не се согласуваме едни со други “, рече тој.