Фејсбук казнет со два милиони евра поради говор на омраза

од desk2
65 прегледи

Германските власти го казнија Фејсбук со два милиони евра, согласно законот кој се бори против говор на омраза.

Федералната канцеларија за правда соопшти денеска дека Фејсбук не ги исполнил барањата за транспарентност при решавање на поплаки за говор на омраза.

Извештајот на таа социјална мрежа за првата половина на 2018 година не го одразува вистинскиот број жалби на сомнителни незаконски содржини, што во Германија подразбира и антисемитски навреди и материјали наменети за поттикнување омраза кон лица или групи, врз основа на нивната религиска или етничка припадност.

Федералната канцеларија посочи и дека постојат нецелосни информации за јазичките вештини и обуката на персоналот задолжен за обработка на жалбите за говор на омраза.

Слични содржини