Кокос топчиња – готови за 10 минути

од desk2
178 прегледи

За овој брз десерт потребни ви се само три состојки.

СОСТОЈКИ:
30 бланширани бадеми
240 гр кокос
400 гр засладено кондензирано млеко

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Бадемите пропржете ги неколку минути на тава без масло, додека не добијат златна боја. Кога ќе бидат готови, преместете ги на чинија и оставете да се изладат.
Ставете 200 гр кокос во сад, додајте засладено кондензирано млеко и добро измешајте.
Оставете да стои пет минути за млекото во целост да се стопи со кокосот. Со раце правете топчиња, а во средина ставајте пржени бадеми и извалкајте во останатиот кокос. Готовите топчиња ставете ги во фрижидер неколку часа пред послужување.
Уживајте!