Почнува Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес 2019“

од Vlatko K
122 прегледи
 Во организација на Општина Велес,  од вечерва до 6 јули, велешани ќе имаат можност на отворена сцена во Младинскиот парк да уживаат во фолклорна ризница на 16-то издание на Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес 2019“.
Организаторот најави богата програма од 17 ансамбли: единаесет од земјава и шест од странство од Италија, Полска, Република Српска  Босна и Херцеговина, Хрватска и Бугарија.

Покрај осум ансамбли и групи од Велес, на фестивалот ќе настапат и ансамблите „Тиквеш“ од Кавадарци,  „Кочо Рацин“ од Скопје и „Китка“ од Ораовица – Радовиш.

Фестивалот почнува вечерва со традиционачното дефиле на учесниците низ велешките главни улици се до сцената во Младинскиот парк. Таму во 20:30 часот на свеченото отворање односно на првата од четирите фестивалски вечери ќе настапат домаќините од Фолклорниот ансамбл „Вила Зора“, а потоа фолклорните групи: „Санта Луција“ од Сардинија –Италија, „Пржигда“ од Полска и Х.Е.М од Турција како и КУД „Свети Сава“ од Република Српска – БиХ.

Инаку годинава Општина Велес го ИФФ го финансира од сопствениот буџет со 600 илјади денари плус уште 50 илјади од стопанственици во Велес и регионот.

Овој фоклорен фестивалот со години наназад е на првото место по посетеност од бројна публика од сите возрасти, а  од сите годишни културни настани во Велес. 

Воедно организаторите, во случај на врнежи од дожд, фестивалот ќе го  преместат во Спортската сала „Гемиџии“. 

Слични содржини