Карли Клос беше еден од најпрепознатливите модели на брендот на “Викторијас Сикрет”. Меѓутоа, во 2015 година, ангелот изненадувачки одби да ја покаже долната облека без објаснување. Три години подоцна, таа призна дека причината за нејзината одлука била нејзината феминистичка мотивација.
“Причината да престанам да работам со Victoria’s Secret беше дека чувствував дека создадениот мој имиџ веќе не одговара на тоа која сум јас и не сакав да испраќам таква порака кон помладите жени, поставувајќи им таков модел за убавина”, изјави за Vogue моделот.
“Мислам дека тоа беше одлучувачки момент во кој успеав да ја почувствувам моќта на феминистка, да носам сопствени решенија кои ќе ми го градат имиџот пред светот”, додаде Карли.
Започнувањето на нејзиниот бренд ѝ помогна да сфати дека може да се справи со нејзината кариера. Претходно, таа рече дека се плашела да ги одбие обврските поради страв од изолација во модниот свет.