
–Во текот на извршување на овие активности, сообраќајот ќе се одвива под посебен времен режим, согласно решението за утврдување на условите и режимот на сообраќај издадено од општина Куманово. Активностите ќе се одвиваат на одредена локација под и околу мостот на улицата Ѓорче Петров, а локалното население ќе има слободен пристап до своите домови преку пешачките патеки, како и со користење на веќе постоечката сообраќајна инфраструктура.– се наведува во соопштението на Х.Ф. Вибе.
Градежните активности фирмата Х.Ф.Вибе ќе ги извршува до средината на ноември 2019 година.