Ослободен австралиски студент исчезнат во Северна Кореја

од Марта Пешевска
142 прегледи

Австралискиот студент Алек Сигли, кој исчезна во Северна Кореја, беше ослободен од притвор и безбедно ја напушти земјата, соопшти денеска австралискиот премиер Скот Морисон.

Сигли (29) беше прогласен за исчезнат минатата недела.

– Алек Сигли беше ослободен од притвор во Демократската Народна Република Кореја, рече Морисон во своето обраќање пред австралискиот Парламент.