Продуцентот на „Волкот од Волстрит“ уапсен поради обвиненија за перење пари

од desk2
138 прегледи

Холивудскиот продуцент од малезиско потекло, Риза Азиз вчера бил уапсен во својата земја поради обвиненија за вмешаност во проневера на 4,5 милијарди долари и перење пари.

Азиз е познат како продуцент на филмовите „Волкот од Волстрит“ (на Мартин Скорсезе и со Леонардо ди Каприо), „Глупав и поглупав 2“ и други.

Тој, инаку, е и посинок на поранешниот малезиски премиер Наџиб Разак.

Се сомничи за вмешаност во проневера на 4,5 милијарди долари на малезискиот владин инвестициски фонд додека Разак бил премиер.

Слични содржини