Костарика го има најамбициозниот проект за бoрба против климатските промени

од desk2
181 прегледи

Костарика има навистина амбициозни планови за борба против климатските промени. Земјата сака да ја трансформира целата економија и да ја намали емисијата на јаглерод диоксид на нула до 2050 година. Како планира да го постигне тоа?

До 2050 година земјата сака сите автобуси и такси возила во земјата да бидат електрични. Државните дистрибутери на нафта ќе мора да бараат алтернативи за горивата кои ја загадуваат животната средина од типот на водород и биогорива.

Истовремено, Костарика ќе бара решение за нови работни места за работниците од нафтената индустрија. Костарика веќе генерира 98% од електричната енергија која ја троши од обновливи извори и планира да ги прошири своите шуми, кои веќе покриваат повеќе од половина од територијата на земјата.

Ако им успее планот, жителите на Костарика во 2035 година ќе испуштаат исто толку јаглерод диоксид во воздухот како што испуштале во 1940 година, а до 2050 година нема воопшто да испуштаат јаглерод диоксид.

Критичарите велат дека оваа цел е тешка за достигнување. И скапа. Во Костарика, всушност, има пораст на побарувачката за нафта поради тоа што постојано расте бројот на автомобили.

Сепак, ако и успее планот, земјата ќе стане пример за остатокот од светот додека државите во светот се обидуваат да го ограничат глобалното затоплување на помалку од 2 степени Целзиусови./Inovativnost

https://www.facebook.com/WEFvideo/videos/3164549030237790/

Слични содржини