Раководството на Јувентус и дефанзивецот на Ајакс, Матијас де Лихт, постигнаа договор за
личните услови на играчот. Ова го откри агентот на холандскиот репрезентативец, Мино Рајола.

Де Лихт одби понуди на Барселона и ПСЖ, за да потпише со Јувентус. Според информација на „Скај
Спортс“ дефанзивецот ќе добива по 12 милиони евра годишно во торинскиот клуб.
Се уште нема договор меѓу Јувентус и Ајакс за износот на трансферот на 19-годишниот играч.
Шампионот на Холандија инсистира за 75 милиони евра, додека од Јуве нудат 55 милиони плус 10
милиони бонуси.
„Матаис се разбра за личните услови со Јувентус, очекуваме наскоро тие да стигнат до договор и
со Ајакс. Играчот се надева дека Јувентус и Ајакс ќе покажат волја за да излезат од ситуацијата и
наскоро да се финализира договорот“, додаде тој.