Капитенот на Аргентина, Лионел Меси може да биде суспендиран две години поради неговите
критики кон раководството на КОНМЕБОЛ. Тој ја нападна централата по поразот од Бразил во
полуфиналето на Копа Америка и рече дека турнирот страда од корупција, што е главната причина
за поразот на „гаучосите“.

‘
По натпреварот за третото место против Чиле, во кое доби црвен картон, Меси повторно
негодуваше за судиите и рече дека неговите претходни коментари веројатно влијаеле на неговото
протерување.
Според правилата на КОНМЕБОЛ, секоја форма на навреда за организацијата може да резултира со
губење на натпреварувачките права на играчот до две години.
Ако менаџерите на фудбалските федерации во Јужна Америка одлучат да го казнат Меси, тоа ќе
значи дека нема да може да игра во квалификациите на Светското првенство за 2022 година и
следната Копа Америка во 2020 година во Аргентина и Колумбија.