Манчестер Јунајтед повторно се фокусира на играчот од средниот ред на Лацио, Сергеј
Милинковиќ-Савиќ, овојпат како можен заменик на ѕвездата Пол Погба.

„Црвените ѓаволи“ имаа интерес за Србинот и минатото лето, но цената од 100 милиони евра што
беше побарана во тоа време го спречи можниот договор. Сега „Римјаните“ ги намалија трошоците
за играчот на околу 80 милиони евра, што му дава надеж на раководството на Манчестер.
Оле Гунар Солскјер гледа во Милинковиќ-Савиќ како идеална замена за Французинот Погба.
Другата опција за тимот е офанзивниот играч од средниот ред на Спортинг Лисабон – Бруно
Фернандеш.
Цената на Фернандеш е 70 милиони евра. Главните конкуренти на Манчестер Јунајтед за потписот
на играчот се Интер и француски Пари Сен Жермен.